Кошаркарите до 14 години се враќаат од Острава со освоено второ место
Одличен настап на првиот турнир во EYBL лигата (European Youth Basketball Legue) , кој изминативе четири дена се одржа во Острава, Чешка.
Исходот е освоено второ место (3 победи и 1 пораз), и награда за најдобар стрелец на нашиот играч Бојан Величковски со 33 поени просек по натпревар.
ВАРДАР – Jahn Munich (31 points / 9 rebounds)
ВАРДАР – Pecs (29 points / 16 rebounds)
ВАРДАР – Teiwaz (39 points / 16 rebounds)
Ostrava – ВАРДАР
Одлична игра на првите три натпревари и убедливи победи, но на денешниот натпревар против домаќинот Острава не успеавме да ја забележиме и четвртата победа.
Ова е одлично меѓународно искуство за овие наши млади играчи, доказ дека и надвор од МКД можеме да се носиме со тежината на натпреварите и да играме рамо до рамо со Европски екипи.
РЕЗУЛТАТИ:
ВАРДАР – Jahn Munich 112:64
ВАРДАР – Pecs 81:70
ВАРДАР – Teiwaz 74:58
Ostrava – ВАРДАР 86:63
Вториот турнир ќе се одржи во Јануари 2020 година, во Унгарија.