Сигурен прволигашки статус за “црвено-црните”

На натпреварот од петтото коло во Плејаутот против Шкупи , нашите сениори само го потврдија статусот за опстанок во елитата за следната сезона.

Како домаќини во СЦ Јане Сандански, создадовме предност уште во првото полувреме , па вториот дел го одигравме рутински и со конечен резултат 86:69 се радувавме на втора победа по ред во Плејаутот.

Најефикасни од нашиот тим беа Анастасов (24 поени), Ивановиќ (15 поени) и Цветковски (4 поени).

Целосна статистика тука

Честитки до играчите и тренерот Радуловиќ.