Сениорите убедливо поразени во Јане Сандански

На вчерашниот натпревар против вицепрвакот МЗТ Скопје Аеродром, успеавме само во првата четвртина да му парираме на противникот. На паузата заминавме со – 11 поени, а веќе во вториот дел буквално како да немавме сила за игра.

Разликата во квалитет е очигледна, исто како и фаворитската улога на овој натпревар, меѓутоа мораме да работиме на корекција на грешките за да во 15-то коло бидеме подготвени за екипата на Фени Индустри.

КК МЗТ Скопје Аеродром – КК ВАРДАР 102:67

Дино Радош беше најефикасен играч од нашиот тим со 13 постигнати поени