Кадетите со убедливи +20 против Партизан МШ

Во заостанатиот натпревар од првиот дел на сезоната, кој нашите момци (М16) го одиграа во саботата , славевме со убедливи + 20 против екипата Партизан МШ.

КК Партизан МШ – КК ВАРДАР 60:80

Одлична партија на Атанасов (23 поени), Несторовски (16 поени), Николовски (15 поени) и Гацов (14 поени).

Честитки до играчите и тренерот Јованчев .

Од престојниот викенд стартуваме со натпревари од вториот дел од сезоната.