Сениорите со три нови засилувања на стартот од вториот дел на сезоната

Пред стартот на вториот дел од сезоната, тренерот Радуловиќ успеа да го засили ростерот со три нови имиња.

Младинскиот репрезентативец Темелковски Славчо кој доаѓа од актуелниот шампион, ќе биде засилување на центарската позиција, а со бековската позиција ќе “раководат” поранешниот младински репрезентативец Цветковски Андреј од екипата на Блокотехна и американецот Ник Тарнер кој доаѓа од екипата на Грац (Австрија) и бил дел од NCAA лигата.

 

Добредојдовте во “црвено-црното” семејство!