Ниту 41-от поен на Провел не беше доволен за победа
Вистинска драма беше денешниот натпревар против Гостивар. Салата беше преполна до последно место, вистинска навивачка атмосфера особено во последниот период кој беше доволно драматичен и до последна секунда не се знаеше кој ќе се радува на победата.
Навистина некогаш среќата не е на наша страна, на одлично одигран натпревар и парирање на противникот до последен момент , победата не не посака.
Провел е вистински лидер на нашата екипа, меѓутоа ни неговиот 41 поен не ни беа доволни да славиме.
Честитки за сите играчи кои вистински изгинаа на теренот и до тренерот Радуловиќ.
Целосна статистика од натпреварот тука