Михајлоски ги “реши” битолчани
Вистинска битка се водеше денес во нашиот кошаркарски дом. Битолчани ни гостуваа, но не им дозволивме да си заминат со победа.
Цели три четвртини беа лидери во играта, но лидерот Провел ја започна победничката серија во последниот дел, кога успеавме да направиме 11:0 од кои Американецот реализираше 8 поени.
На нерешен резултат и 13 секудни до крајот на натпреварот, Михајлоски погодувајчи две слободни фрлања стави печат на осмото коло и ни донесе многу значајна победа.
Од нашиот тим Провел реализираше 23 поени, Радош постигна 12, а Михајлоски 11 поени.
Целосна статистика тука
Честитки за борбената игра на целиот тим!