Прва победа за сениорите

Благодарение на одлично одиграната последна четвртина, успеавме да славиме во Чаир. Ова е прва , но значајна победа за сениорите која не “одвои” од останатите екипи кои сеуште се без ниту една.

Противникот ни парираше скоро до 34′ , но во две минути им направивме серија 11-0, која беше клучот на победата.

Тренерот Радуловиќ, среќен за победата, но не многу задоволен од играта.

“Секогаш е потешко да се игра кога ја имаш фаворитската улога. Имавме многу технички грешки и играчите некако опуштено влегоа во натпреварот, но сепак на крајот се добро излезе. Им честитам на сите играчи за оваа наша прва победа, но и на противничкиот тим за пожртвуваната игра. Мораме да ги корегираме грешките и да го подигнеме нивото на квалитет за натпреварот со Пелистер”, изјави Радуловиќ.

Најдобриот играч оваа сезона во нашиот тим е Џуниус Провел постигнувајчи со 20 поени на овој натпревар, а зад него во листата на стрелци се запишаа Ивановиќ, Михајлоски и Радош со по 12 поени.

Целосна статистика тука

Честитки до сите