Сениорите/ките гостуваа во Кавадарци

И двете наши сениорски екипи викендов гостуваа на Кавадарчани.

Мажите го загубија натпреварот од Фени Индустри со 99-78. На противникот му париравме само во првите 15-тина минути , каде што резултатот беше 32:31, меѓутоа на полувреме заминавме со -12 поени. До крајот на натпреварот никако не успеавме да го свртиме резултатот. Најефикасни во нашиот табор беа Провел (26 поени) и Радош (22 поени).

Жените пак на гостувањето кај Трокал, лесно и едноставно го завршија натпреварот со убедлива победа 18:75. Противикот во ниту еден момент на натпреварот не успеа да ни се доближи.