Сениорите одиграа одговорно, но не доволно за победа
На стартот на сезоната иако можеби во првото коло добивме еден од полесните противници, сепак не успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат.
Покажавме карактер во играта, особено што во првата четвртина предноста постојано се менувше , но веќе кон средината на втората четвртина противникот стигна до двоцифрена предност, од која успеавме брзо да се вратиме и на полувреме да заминеме со 34-38.
Но, веќе во вториот дел од натпреварот како да не можевме да одговориме на предизвикот, иако Провел беше вистински лидер со 32 поени, ниту тоа не беше доволно да се радуваме на првата победа.
Статистика од натпреварот можете да видите на овој линк
Следното коло сме слободни, па напорно ќе работиме до натпреварот со МЗТ Скопје Аеродром.