Сениорките денес на пријателска пресметка со Баделки

Како што е најавено од куќата на кошарката, женската сениорска лига ќе стартува на 13. октомври, па затоа мораме веќе со полна пареа да се подготвуваме за почетокот на новата сезона.

Денес во 17:30 часот нашите девојки ќе ги пречекаат Баделки во “црвено-црниот” дом и ќе одиграат пријателски натпревар. Новиот тренер Стојановска е на кормилото на оваа екипа и им посакуваме успешна сезона на нашите девојки.