Домаќини сме на Ф4 за М16

Нашиот клуб е организатор на Ф4 турнирот за генерација до 16 години. Денес и утре (06.06-07.06.2018) ќе бидеме домаќини на овие завршни натпревари, а она што го посакуваме секако е да ја одбраниме титулата.

Останати противници се:

  • Партизан Мулти Шпед – треторангиран ланската сезона,
  • Феникс 2010 – минатосезонски вицешампион и
  • МЗТ Скопје Аеродром.

Во рамки на првото полуфинале играат Феникс 2010 и МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 15:00 часот. Второто полуфинале играме ние против Партизан Мулти Шпед, со почеток  во 17:00 часот.

Натпреварите кои ќе се одиграат во четврток ќе бидат пренесувани на Livestream. Линковите до статистика и до пренос ќе бидат достапни на насловната страница на вебсајтот на МКФ.

Ние ги покануваме сите наши љубители да дојдат и да не поддржат на овој претпоследен Ф4 турнир за оваа сезона. Ја посакуваме оваа титула и подготвени сме да ја освоиме.