Претседател на КК Варадaр-Владимир Воиновски

Владимир Воиновски

Претседател на КК Вардар

Кошарката е спорт кој со децении ги маѓепсува Македонците, а првата организирана активност всушност почнува веднаш по ослободувањето, во 1945 година. Постепено овој спорт добива се поголем број приврзаници, а во 1947 година се формира кошаркарскиот клуб Вардар.

На 20 јули 1947 година доаѓа до фузија меѓу ЖСД Победа и МСД Македонија, и се роди

КК Вардар, клубот што оваа година го красат 70 роденденски свеќички. Тоа нас, кои огромен дел од овие 70 години ги минавме во КК Вардар, растејќи буквално во клупските бои, нѐ прави посебно горди.

Клубот мина низ многу премрежја, беше во највисок ранг, каде што е и денес, но и во

пониските лиги. Беше дел од поранешната квалитетна југословенска второлигашка конкуренција, но најважно од сè е што успеа

да се одржи во целиот овој изминат период, со несебично залагање на вистински кошаркарски ентузијасти, спортски вљубеници и кошаркарски магови, кои несебично донираа за неговиот развој, одвојувајќи некогаш и од своите семејства.

Но, токму тука се создаде едно „црвено-црно“ кошаркарско семејство, кое ги прими сите добронамерни и искрени кошаркарски вљубеници, ги едуцираше во студентските денови, им помагаше во градењето на нивните личности, градејќи една неповторлива магија што трае до ден денешен.

И сега, кога одбележуваме 70 години, можеме со гордост да кажеме дека КК Вардар е клуб со своја спортска сала, со одлична кошаркарска академија, со машки и женски колектив, со безброј освоени трофеи во младинските категории, кои даваат уште поголеми мотиви за токму тие млади да продолжат и понатаму по патот што ние вардарците го градевме во изминатиот период.